1

Со одличниот распоред, свежината која ја наметнува сината боја, како и елеганцијата и топлината со која го облагородуваат мебелот и деталите од природно дрво, овој прекрасен ентериер едноставно зрачи со убавина и позитивна енергија. Станува збор за станбен простор со површина од 70 метри квадратни, а се наоѓа во  Барселона, Шпанија. Инспирирани од топлото и сончево време, дизајнерите се одлучиле за летна тема во просторот, одбирајќи од палетата летни и светли тонови, што внесува ведрина и комфор во секое катче. Проектот се базира на интегрирање на просториите, примеси на нордискиот стил, а со свежи, актуелни и лежерни ноти кои совршено се слеваат во една хармонична целина. Во ентериерот продира големо количество на природна светлина, благодарение на големите прозорци, а циркулира непречено низ целиот стан. Присуството на сината боја, пак, застапена преку аксесоарите и текстилот, му дава смирено и медитеранско чувство на амбиентот. Во комбинација е со шемата бели, сиви и меки земјени тонови. Дневниот престој, кујната и трпезаријата се обединети во отворен план и ја сочинуваат зоната за социјализација, а покрај неа, станот поседува и зона за работа и за одмор и релаксација. Во продолжение, погледнете како изгледа овој ентериер во летни бои, и пронајдете ја омилената идеја и за вашиот животен простор.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМајсторот и Маргарита – Михаил Булгаков
Следна објаваУлична уметност со тантела
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ