0

Federico Babina низ својата најнова серија илустрации ,,Archidirector“ ја провлекува споредбата помеѓу архитектите и светски познатите творци на филмови. ,,Режисерите се како архитекти на кинематорафијата.’’ вели Babina. ,,Тие се оние кои ги градат приказните и кои сакаат да ја вклучат архитектурата како нешто свое во ремек делата. Така го внесуваат гледачот во некој потполно друг свет.’’ Секоја куќа е замислена со свој сопствен стил, јазик и естетика, како и план на дизајнот и место на изградба, усогласени со режисерското гледиште на светот и досега прикажаните филмски класици. Babina прикажува 27 имагинарни куќи кои може да се поврзат со опусот на познатите филмски режисери, од Вес Андерсон до Стенли Кјубрик, а меѓу најдобрите се најде и Емир Кустурица. Различните стилови и естетиката која потекнува од филмот се толкуваат како структурни елементи, боја и материјал, каде заедничкиот именител е силна и дефинирана индививидуалност. Специфичните елементи на филмскиот јазик се пренесени и претворени во архитектонска геометрија. Во кинематографијата, секој детаљ на филмот е во насока на изградба на единствената, уметничка индивидуалност на режисерот. Babina објаснува дека сличен пристап наоѓаме и во изградбата на дизајнот. Истото се случува и во архитектурата, каде дури и најмалиот детаљ помага да се обликува личниот печат на архитектот. Во галеријата во продолжение, погледнете како би изгледале имагинарните куќи на најпознатите светски режисери.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

24

25

26

27

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп 8: Дестинации за меден месец
Следна објаваМајсторот и Маргарита – Михаил Булгаков
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ