0

Планирате да заминете на меден месец оваа или следната година? За вас го ,,пропатувавме’’ целиот свет и ги одбравме најромантичните, најнезаборавните и најживописните дестинации за вашето прво заедничко патување и одмор како брачна двојка.

Од приватни плажи и неверојатни градови на самиот гребен, па се’ до рурални гратчиња – ова се местата кои се прогласени за најпопуларни дестинации за сите новопечени младенци во 2015 година. Доколку еднаш ги посетите, веќе никогаш нема да сакате да се вратите дома.

1. Тоскана, Италија

1

Секој идиличен меден месец би требало да започне со чаша квалитетно вино и фокача во маслиново масло, се согласувате? А има ли подобро место за наведеното сценарио од Тоскана? Оваа италијанска регија е и лулка на ренесансната уметност, па можете да уживате во богатството од реликти на уметноста и науката. Посетата на винарските визби ќе ви го помати умот, а историските градови како Пиза и Фиренца ви се на дофат на раката.

2. Санторини, Грција

2

Санторини е вистински скапоцен камен на Егејското Море. Островот е познат по белата архитектура и куќичките извишени во самите карпи, а ќе ги исполни сите желби дури и на оние со најпребирлив вкус. Од посета на археолошките руини и наоѓалишта, искачување по античките скалила, па се’ до истражување на малите улички, или, пак, можеби уживање во типичната грчка кујна, Санторини ќе ви понуди незаборавно свадбено патување.

3. Малдиви

3

Малдивите се островска земја која се состои од група атоли во Индискиот Океан. Не треба ниту многу да се претставува, ниту, пак, да се фали. Малдивите се вистински рај на Земјата, а покрај магичната природа ќе наидете и на неверојатни сместувачки капацитети. Со квалитетна услуга во собите и релаксирачки масажи за гостите, приватните вили на овие острови се сместени на само чекор од тиркизното море, па се совршено романтично бегство од реалноста, во која веќе нема да сакате да се вратите.

4. Кауаи, Хаваи

4

Најстариот остров на Хаваите, Кауаи, е одличен избор за сите оние со авантуристички дух, кои сакаат да уживаат во природата, или, пак, да трагаат по возбуда и предизвици планинарејќи по кањонот Ваимеа, или возејќи се со кајак низ реката Ваилуа. Овој остров е празник за очите, а покрај адреналински излет, ќе добиете и вистинско опуштање на прекрасна плажа.

5. Фиџи

5

Североисточно од Нов Зеланд се наоѓа Фиџи, држава во Тихиот Океан која е создадена од повеќе од 332 острови, а од кои апсолутно сите ги краси кристално чиста вода, сјаен песок и многубројни луксузни ресорти. Бегството во овој егзотичен предел е идеален избор сите парови кои сакаат да сурфаат, да нуркаат, да планинарат и да се опуштат преку мноштвото различни активности кои им ги нуди овој чудесен крај на Земјата.

6. Бали, Индонезија

6

Тиркизната вода и песочните брегови се најдобриот опис на Бали, островот во Индонезија, каде видиците изгледаат буквално нереално. Како дел од коралниот триаголник, нуди чудесни глетки на коралните гребени, но и останатите морски видови кои ќе ве остават без здив. Предел, кој ја заслужува посетата на сите љубители на необичното и сонувачите на мистичното. Доколку сакате да се препуштите на мистиката на Индонезија, тогаш Бали е парче рај кое е како создадено за да ве опушти.

7. Бора Бора

7

Бора Бора се издигнал од морето како голем вулкан пред три милиони години и околу него израснал корален прстен. Познат по своите луксузни одморалишта, Бора Бора е мал остров во Француска Полинезија, опкружен со лагуна. Го нарекуваат и ,,бисер на Пацификот” и ,,најубавиот остров во светот” – па дефинитивно мораше да се најде и на нашата листа на најдобрите дестинации за меден месец. Одморот и уживањето на плажа е секако една од најголемите придобивки од престојот на Бора Бора, но исто така, овој рајски остров ви нуди и грст можности за нуркање по лагуната и истражување на природните убавини кои нема да ве разочараат.

8. Пукет, Тајланд

8

На западниот брег на Тајланд се наоѓа Пукет, најголемиот остров во оваа земја. Секоја двојка која ќе се одлучи медениот месец да го мине на Тајланд, ќе може да ужива на романтичното патување низ совршените Фи Фи острови, но и во бројните активности како што пловење со кану во пештери, тајландските масажи, јавањето слонови, локалните курсеви за готвење, посета на локалните храмови. Звучи примамливо, зар не?

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНово од McDonald’s – McBike
Следна објаваКако би изгледале куќите на познатите филмски режисери?
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ