Овој викенд, голем број граѓани храбро решија да му пркосат на променливото време и да пробаат да се одморат и релаксираат во зелената и пријатна атмосфера во Градскиот Парк во Скопје. Присутните се приклучија на час по јога на отворено, кој се оддржа во срцето на градот, во Градски Парк (кај Школка).

По повод Интернационалниот Ден на Јога, настан на глобално ниво кој се одбележува низ целиот свет, здружението Уметност на Живеење заедно со Министерството за Здравство, Синерџи Фитнес и Спа, Шпаркасе Банка, Јана Вода, Биокосмос и Индиската Амбасада од Бугарија, на граѓаните им понудија релаксација со јога на отворено токму во срцето на градот, а на Македонија шанса да биде дел од овој интернационален настан покрај голем број земји од целиот свет.

„Во време кога ритамот на живеење е сè побрз, а животниот стил наметнува секојдневен стрес како и нездрав начин на исхрана, наш главен приоритет е промоција на здравиот начин на живот и барање на начини како да се подобри секојдневието на граѓаните преку организирање на настани од овој вид, кои се достапни за секој кој е заинтересиран да го негува своето здравје и да ужива во природата. Јогата е совршен избор за секого, преку смирувачки начин да се пронајде мирот кој на сите нас ни е потребен. Задоволни сме од големата заинтересираност на граѓаните за овој настан, а се надеваме во иднина нивниот број сè повеќе ќе се зголемува кога е во прашање промоција на здравите навики за негување на телото и духот,“ – изјавија претставниците од Синерџи Фитнес и Спа.

IMG_0990 IMG_0997 IMG_5147 IMG_5150 IMG_5180 IMG_5187 IMG_5198 IMG_5201 IMG_5208 IMG_5225 IMG_5231 IMG_5232 IMG_5242

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОд Валентино со љубов
Следна објаваНово од McDonald’s – McBike
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ