Пет парчиња на облека која секоја девојка треба да ги поседува

prva

Кога е во прашање летниот стил на облекување, најважни се лесните, прозирни парчиња на облека кои дишат со свежина и едноставност. Колку тоа едноставно и да ви звучи, не е лесно да се најде рамнотежа помеѓу  casual  и stylish стил, а да вашиот личен стил не се изгуби.
Значи, без разлика за кој стил ќе се одлучите ова лето, ние ви ги откриваме 5 клучни парчиња која секоја девојка треба да ги има во својот гардеробер ова лето!
 
1. Реси, реси, реси……ова лето се носат на се! На здолништа, сандали, топ маици …..апослутен хит се и сигурни сме дека ќе пронајдете некое супер кул парче со реси, па дури и во гардероберот на мајка ви или на баба ви.
resice

Zara

2. Гладијаторки
Гладијаторките се еден од оние трендови кои се скоро секое лето актуелни и модерни. Убавата работа кај овие сандали е тоа што без разлика на вашиот стил, можете да пронајдете идеален модел за вас, од класичните па се до тотално модерни!

gladijator ASOS/Mango/Zara

3 .Макси здолништа
Макси здолништето се врати и тоа подобро од било кога до сега. Одличен избор за преку ден и за вечер. Освен тоа толку е едноставно за комбинирање!
maxi

ASOS/Zara/Zara

4. Широки пантолони
Најпосле се вратија во мода прекрасните пантолони со широки ногавици во најразлични принтови и бои. Што пошироки ногавици, тоа подобро.

siroke

Vero Moda/Zara/Zara

5. Ѕвонарки
Ѕвонарките се повторно IN!  Одберете модел со висок струк, така да потполно ќе им дадете чест на трендовите од  70-тите.

trapez Zara

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСексапилни, а елегантни: Неколку трикови за убаво да се облечете!
Следна објаваОлдтајмерите повторно заблескаа во Скопје
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ