Сакам (но, не сакам) – Кара Локвуд

Таа создава совршени денови.
И покрај нејзината непоправлива кадрава коса, Лорен е уредна организаторка на венчавки, позната како организациски гуру, но професионално потисната од нејзината шефица. Така прекрасна и позитивна, дефинитивно е мотивација и гаранција за најголемото случување во животот. Перфектна локација, соодветен број и распоред на седишта, пастелна боја на цветниот аранжман и декоративните материјали кои би одговарале со ентериерот, изборот на облека, моделот&материјалот на невестинскиот фустан, осветлувањето,  задоволството на свадбената торта како и завидното ниво на целата церемонија во севкупност. И секако не смееме да го заборавиме фамозниот план Б ако нешто тргне по зло. Но, кога две венчавки одат во ист ден, а задоволството да и помогне е само на Ник, згодниот пожарникар – Лорен суптилно сфаќа дека на важни детали во нејзиниот живот им треба неопходна итна помош, а можеби и резервни планови колку што има букви во азбуката. Особено по нејзиниот неодамнешен развод и комплетниот распад на сонот во бело.

Таа доживува осамени ноќи.
Слаткиот и секси Ник со вонсериска бела насмевка и совршени мускули ги потврдува искрите кои летаат меѓу нив. Но, на следната организација на свадба, најголемиот предизвик-клиент на Лорен досега, е бездруго прекрасната и итра перфекционистка Дарла, a.k.a Психо-невеста, по некоја случајност Ник е носител на круцијална улога. Дали Лорен всушност се случи да биде креатор на сопствената несреќна судбина, уредувајќи го натамошниот живот на единствената личност која беше репрезент на надеж за неа, врзувајќи го за друга жена? Жена која што се сака само себеси, своето тело, екстремно долгите нозе, бројот на нејзината блонд боја за коса, како и сите форми на разубавување – маникир, педикир, солариум, сјај итн.
И сега таа да се омажи за Ник?!

Како што настанот се наближува до судбоносното I do, преку серија недоразбирања, несреќни случаеви и грешка во идентитетите, постои закана не за едно, туку за две happily ever after. Во зенитот на највисоката еуфорија на големиот ден, се случува едно големо I don’t! Верувале или не, Дарла е бремена. Деби-романот на Кара Локвуд, наративно преку Лорен, со кариерно искуство и љубовен живот кој виси на конец едноставно ни демонстрира дека тешко што може да се испланира, особено вистинската љубов.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВраќање на аудио-книгите | Penguin Books
Следна објаваЦрно-бела елеганција во ентериерот
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР