Сигурни сме дека сте ги виделе прекрасните чевли, сандали и чизмички над колена од лак кожа и со проѕирна пета кои ги представи  Dior. Благодарејќи на нив и уште на неколку други дизајнери, парчињата од лак кожа станаа повторно популарни. Да се потсетиме и на најкласичните салонки, тие се од многу сјајна лак кожа – секако зборуваме за моделот  Pigalle на Christian Louboutin.
Но мора да признаеме дека лак кожата не е само синоним на сексипил, туку може да значи и нешто многу слатко. Сетете се само на Mary Jane лакираните црни чевли кои и вие сигурно сте ги носеле кога сте биле клинка, а едни такви, ама за возрасни, можете да ги носите и денес и да бидете повторно тренди како порано.
Ви нудиме неколки модели со лакирана кожа, а сигурни сме дека барем нешто од понуденото ќе ве освои.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубавата шминка и фризура на Канскиот фестивал
Следна објаваНовата туристичка реклама за Еквадор
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ