1

По денот поминат на жешките сончеви зраци надвор, домот е најчесто единствениот затворен простор каде очекуваме опуштање и оддишка во текот на летото. За таа цел, неопходно е истиот да биде воздушест, светол и релаксиран во пресрет на новата сезона. Покрај неизбежните клима уреди и вентилатори, за внесување свежина во ентериерот можат да придонесат и низа други визуелни доживувања. Бојадисувањето на одделни ѕидови, или, пак, вметнувањето детали во впечатливи летни тонови може да има чудесен ефект во амбиентот. Понатаму, и изборот на материјали може да има значајна улога во креирањето летно чувство насекаде околу вас. Кога станува збор за боите, палетата светли сини, жолти и сиви нијанси е вистинскиот избор за постигнување лежерна атмосфера во домот. Сензуалните сини тонови евоцираат на небо, вода и море, а во комбинација со неутралните сиви нијанси се добитна комбинација за смирено и лежерно чувство во ентериерот. Жолтата боја, пак, асоцира на сонце и светлина, а во просторот внесува големо количество на позитивна енергија, дури и кога е присутна само како ситен детаљ или акцент. Доколку сте во потрага по инспиративни идеи за уредување на вашиот дом со овие три бои, ви претставуваме неколку прекрасни предлози за таа намена. Станува збор за идилични теми од новиот каталог на британскиот бренд Laura Ashley, кои во екот на сезоната пролет/лето ’15 нудат одлични решенија и примери за сезонско освежување на животниот простор. Уживајте во глетката и пронајдете ја вашата омилена тема.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

24

25

26

27

28

29

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСенка на ветрот – Карлос Руиз Зафон
Следна објаваЖелба на секоја девојка | Сандалите на Brian Atwood санда
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ