Yamamay: Летна колекција 2015

Жешка летна сезона со потпис на познатиот италијански бренд.

1

Бајковитите Бахами, познати по проѕирното тропско море, рамните корални гребени и белите песочни плажи, послужија како инспирација за снимање на промотивниот каталог на најновата колекција на Yamamay. Заштитно лице на оваа кампања е Ariadne Artiles, шпанската модна дизајнерка и модел, која мами воздишки со беспрекорната медитеранска убавина. Во пресрет на летото, новата сезонска колекција зрачи со сензуалност, живост и бои, вклопувајќи се совршено во тропското расположение и егзотичниот амбиент на Бахамите. Тиркизно-синото море, дивата вегетација и мирисното цвеќе, како и зрелото овошје потсетуваат дека летото е време за одмор и бегство од динамичната реалност, како и воспоставување рамнотежа со природата. Познатиот италијански бренд ги користи боите на тропското овошје, комбинирајќи ги со прекрасна експлозија на нијанси и дезени. Главни мотиви на колекцијата за престојното лето се топлите нијанси, цветните дезени, геометриските кроеви, живите контрасти и егзотичните принтови, а понудата вклучува модни аксесоари за глава, бикини со триаголна форма, костими за капење со висок и низок струк, како и бразилски и француски гаќички во повеќе бои и облици. Користејќи лесни ткаенини и тонски усогласени парчиња за облекување, колекцијата нуди совршен летен изглед за секоја жена и прилика, од испивање коктел во текот на денот до ноќна забава на плажа. 

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

24

25

26

27

28

29

30

31

32

33

34

35

36

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУметничките колекции на кинеската царска династијата Танг
Следна објаваТоп 5: Европски дестинации за јунско патување
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ