Колку пати ви се случило да ставите парфем и веќе после еден час  да не го чувствувате?! Мислевте дека можеби се работи за погрешен избор на парфем?😊 Можеби, но претходно пред да го “обвините” вашиот нов парфем размислите дали го нанесувате на вистинскиот начин. Следните совети ќе ви помогнат да ја подобрите постојаноста на вашиот парфем и при тоа да мирисате прекрасно во текот на целиот ден.

-Доколку сакате вашиот парфем да трае подолго, не го чувајте во купатило или во други влажни и толпи простории.

-За подолго трајност на парфемот потребно е пред да го нанесете на истото место да ставите малку вазелин.

-Може да нанесете лосион, но без мирис при нанесување на парфемот,(мрсната кожа подолго го задржува мирисот). Затоа ако имате сува кожа , најпрвин нанесете крема или лосион па потоа парфем.

-Парфемот се нанесува веднаш после туширањето.

-Откако ќе го нанесете на внатрешните страни на зглобовите,немојте во никој случај да го трљате(ако го направите тоа “горните ноти” на парфемот набрзо ќе исчезнат, а со тоа и самиот парфем нема да ви треа долго време.

-Нанесувајте го парфемот на точките на пулсот, внатрешната страна на зглобовите и лактите и вратот. Така вашиот парфем ке трае долго.

-Доколку парфемот е  на база на алкохол, а сакаме да го нанесеме и на нашата коса, најдобро е тоа да испрскаме четката па потоа да ја исчешламе нашата  коса.

-При испробување на нов парфем, најдобро е да почекате убаво да се исуши, за да може да ја почувствувате вистинската негова нота.

arabian_islamic_perfume bo00184_medium_ fragrance_for_women_content

A young woman applying perfume

perfume

2160811-0332-rec

perfume--z 05-totalbeauty-logo-best-perfume-for-women

114999500

НЕМА КОМЕНТАРИ