Куќи што пловат

Елитни резиденции со подводни спални соби.

01

Кога е Дубаи во прашање, веќе сме навикнати на грандиозни проекти кои ги поместуваат границите на архитектурата и луксузот. Воодушевува начинот на кој Дубаи се развива како град, кој за релативно кусо време од пустина е претворен во една од најелитните светски туристички дестинации. Најновиот проект кој го одзема здивот се состои од 42 пловни конструкции кои ќе се наоѓаат во непосредна близина на градот, а секоја од нив ќе понуди станбен простор од околу 160 метри квадратни за оние со подлабок џеб. Имајќи предвид дека не се сместени на копно, овие конструкции технички се квалификуваат како бродови, но без оглед на се’, доволен е еден поглед за да сфатите за што точно станува збор. Секоја од 42-те луксузни пловечки резиденции се простира на три ката, од кои едниот се наоѓа во целост под морското ниво. Токму во тој дел се ,,скриени’’ спалната соба и бањата, кои поради стаклените ѕидови нудат воодушевувачки поглед на подморјето и коралниот гребен, додека катот на морското ниво нуди комплетно опремена кујна, дневен престој и огромна тераса за попладневно уживање на сончевите зраци, или романтични вечерни состаноци со подобрата половина. За повеќе гости, идеално место за неформални дружења е терасата со минибар на првиот кат, додека џакузито гарантира мигови на максимално опуштање. Реализацијата на проектот „The Floating Seahorses“ започнува во втората половина од оваа година, а завршетокот на конструкцијата се очекува во текот на 2016 година. Цената се’ уште не е позната, но можеби е подобро така и да остане. Уживајте во глетките!

02

03

04

05

06

07

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објава[Филм] Одмаздници 2: Ерата на Ултрон
Следна објаваСреќен е тој што умее да сака – Херман Хесе
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ