Марвеловиот свет уште повозбудлив и визуелно одличен, во епското продолжение на најуспешниот филм за суперхерои на сите времиња.

Avengers2_SBgr1

Најпознатата и епска акциона авантура започна со Марвеловите „Одмаздници“, но овој пат успешниот тим на суперхерои се враќа да би го заштитил светот од најголемата закана за човештвото. Кога Тони Старк ќе се обиде да ја стартува заборавената мировна програма, работите ќе тргнат во погрешна насока и светските суперхерои од Земјата, вклучувајќи го Железниот човек, Капетан Америка, Тор, Хулк, Црната Вдовица и Хокај, се вклучуваат во ултимативен тест да ја одржат планетата во рамнотежа. Кога лошиот Ултрон се појавува, Одмаздници се обидуваат да го спречат во нанесување на неговите страшни планови, водејќи ги низ една глобална авантура.

Avengers2_SBgr2

На креаторите, развојот на оваа приказна им донесе нов предизвик каде мораа да се осигураат дека претходните марвелови филмови ќе имаат следствена логика во приказната и динамика на платното. „Многу работи се случија по првиот филм на одмаздниците“, вели продуцентот Кевин Фајги. „Поминавме низ фаза 2 на филмовите; куќата на Тони Старк е уништена, тој го реевалуира својот живот и улогата на Железниот човек. Тор се враќа во Асгард, и е одлучен дека не сака да биде крал. Тој се посветува на човештвото, дека ќе го штити. S.H.I.E.L.D. е уништен до земја во „Капетан Америка: Зимски војник“. Сите овие случувања оставија зад себе многу недовршени приказни.“

Avengers2_SBgr3

Знаејќи колку е тешко да се следи приказната во секој од филмовите и да се движи во насока која ќе им служи и на индивидиалните франшизи и целокупниот универзум на Марвел, извршниот продуцент Диеспозито додава, „Сакаме секоја франшиза и филм да бидат свежи и засебни, но истовремено мораме некако да ги поврземе со нешто кое би се повторило во два до три филма понатаму. Мислам дека имаме голема среќа што пронаоѓаме добар баланс кој ни дозволува работите да си течат во нова насока и да се создаваат нови моменти кои ќе ги поврзат франшизите надвор од Одмаздниците. Така, кога искочи првиот филм „Одмаздници“ беше еден од најголемите успеси на сите времиња, нашиот прв чекор беше да се осигураме дека филмовите по него, зборувам за продолжението „Одмаздници: Ерата на Ултрон“ ќе има важна улога во обликувањето на приказната на овој филм.“

Avengers2_SBgr4

Во однос на актерската екипа, во „Одмаздници 2: Ерата на Ултрон“ се враќа Роберт Дауни Јуниор како Железниот човек, заедно со Крис Еванс како Кaпетан Америка, Крис Хемсворт како Тор, Марк Руфало како Хулк, Скарлет Јохсансон како Црната Вдовица и Џереми Ренер како Хокај, со дополнителната помош од Семјуел Л. Џексон како Ник Фури, Дон Чидл како Вар Машин, Коби Смалдерс како Мариа Хил и Стелан Скарсгард како Ерик Селвиг. Тимот мора повторно да се собере за да го порази Џејмс Спејдер како Ултрон, ужасен технолошки злосторник со желба да ги истреби луѓето. Во својата акција тие се спротивставуваат на уште два мистериозни и моќни нови ликови Ванда Максимов, која ја толкува Елизабет Олсен, и Пиетро Максимов, кој го толкува Арон Тејлор Џонсон и сретнуваат стар пријател во нова форма кога Пол Бетани станува Вижн. Супер херојскиот блокбастер го имаше своето деби на интернационалниот пазар, каде во 44 земји за три дена заработи фантастични 201.2 милиони долари. Најголема заработка имаше во Јужна Кореја ($28.2 милиони), Велика Британија ($27.3 милиони), Русија ($16.2 милиони) и Бразил ($13.1 милиони). Филмот се прикажува и во Кина (12-ти мај) и Јапонија (4-ти јули), без соменине два пазари во кои ќе има огромна заработка.

Avengers2_SBgr5

Премиерното прикажување на „Одмаздници 2: Ерата на Ултрон’’ пред македонската публика беше на 30.04.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРене Лалик- Кралот на дизајнот на накит и луксузната стаклена галантерија
Следна објаваКуќи што пловат
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ