Овен

Сконцентрирани сте на менталниот развој и комуникацијата во врска со некој работен проект, патување или односи со луѓе со кои сте многу блиски. Внимавајте, некои работи неочекувано ќе ви се искомплицираат, а ќе имате чувство и дека некој ви ја крие вистината. Викендот е одлично време да се опуштите.

Бик

Оваа недела сите работи се во знакот на вашите желби и потреби. Преиспитајте ги убаво вашите таленти и способности и односите со луѓето со кои работите. Овој период, посебно внимание обрнете на пријателите и на финансиите. Тешко правите компромис за работите што ви се важни, но понекогаш морате да попуштите.

Близнаци

На почетокот од неделата ви се разјаснува дека некој пријател или колега ќе започне да игра значајна улога во вашиот живот. Се двоумите за некои работи поврзани со кариерата. Иако иднината ви изгледа идеално, обидете се разумно да ја процените ситуацијата. На некој пријател му е потребан ваша помош.

Рак

Ве очекува многу динамична недела, со многу интересни настани. Ќе добиете признание за вашата несебичност и посветеност, како од пријателите со кои се дружите, така и од колегите и претпоставените на работното место. Внимавајте кому му се доверувате- можни се некои разочарувања на тоа поле. Иако ќе бидете опкружени со луѓе, најдете малку време и за себе.

Лав

Овој период ќе привршите со некој работен проект кој ќе ви донесе голема финансиска сигурност и нови можности за иднината. Ве очекуваат поголеми промени во сите аспекти во животот. Ќе слушнете добри вести за некој стар пријател. Што се однесува до пријателите со коишто се дружите во овој период- внимавајте. Не се сите такви какви што се претставуваат.

Девица

Ви претстои интересна недела, особено во поглед на работата. Многу нови луѓе ќе сакаат да се вклучат во проектите за кои сте вие задолжени, и тоа несомнено ќе вроди со плод. И покрај различните мислења, знаете како да водите и да ги средите работите. На крај, сè ќе се заврши добро. Здравјето е одлично.

Вага

Многу енергија ви одземаат професионалните и приватните обврски овој период. Морате да ги прераспоредите приоритетите за да можат работите да завршуваат успешно. Ослободете се од непотребни грижи и луѓе кои ви носат негативна енергија. Не грижете се ако не можете да ја видите иднината јасно, за некое време сè ќе си дојде на свое место.

Скорпија

Оваа недела ќе имате потреба да го искажете сето она што го чувствувате и отворено да разговарате за она што ве мачи. Време во кое треба подлабоко да навлезете во проблемите од минатото за да добиете појасна слика за иднината. Бидете искрени и отворени во овој процес. Совет: Не бидете наивни во однос на луѓето околу вас.

Стрелец

Се чини дека овј период сте опкружени со многу луѓе и иако сето тоа ви е забавно и интересно, некои од нив ќе се обидат да се оттргнат од вашето друштво. Ќе ви треба малку време за да ви се стабилизираат работите во животот. На љубовен план, се двоумите како да продолжите понатаму и барате поддршка од партнерот. Не дозволувајте други да ви се мешаат во приватноста.

Јарец

Се чини дека имате потреба да се изолирате некое време, а недоразбирањата со колегите од минатата недела, сè уште не се разрешени. И вашиот емотивен партнер поминува низ критичен период, но запомнете: Некогаш треба да се изгубите за да се најдете на вистинскиот пат. Со текот на времето, работите сами ќе се наредат како што треба.

Водолија

Притисокот е голем уште на почетокот на неделата, и тоа на секое поле. Тешко ви е да постигнете компромис со колегите, со партнерот и со вашите деца, но обидете се да балансирате колку што е можно. Се чувствувате како да правите еден чекор напред, а да се враќате два назад, па затоа не е лошо да се навратите на коренот на проблемите за да може да продолжите само напред.

Риби

Сконцнетрирани сте на домот и семејството и тоа опкружување овој период е она што ви треба. Се појавуваат мали тензични ситуации во домот, но решението нема да го најдете ако ги избегнувате работите како и обично, туку ако се соочите со нив. Ви претстои многу креативен и романтичен период, но време е да се разбудите и да преземете нешто, особено на љубовен план.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНовиот Lamborgini SUV во италијанско производство
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (18.05 – 23.05)
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ