По темелно истражување од областа на микро станбени простори, како и сите дизајнерски елементи поврзани со таквите животни амбиенти, архитектонското студио MKCA ги пренело сите свои знаења во реновирањето на стан во Њујорк, со површина од 33 метри квадратни. Целта била просторот да се направи функционален, така што нема сите елементи да бидат достапни во исто време, бидејќи и не се користат во исто време. И покрај малите димензии, ентериерот ги содржи сите елементи кои се неопходни за удобен живот. Станарите имаат на располагање работно катче, кујна, трпезарија, дневна соба, простор за спиење, бања и мини гардероба, и тоа на многу интересен начин. Некои од просториите, кога не се користат, едноставно исчезнуваат. За ова да биде возможно, поставен е моторизиран лизгачки ѕид кој се придвижува од еден на друг крај од собата. Со неговото движење се зголемуваат дневната или спалната соба, во зависност од потребите во тој момент. Кога креветот ќе се подигне во ѕидот, настанува мала гардероба, а кога креветот е спуштен и ѕидот повлечен до самиот крај, тогаш просторот се претвора во удобна спална соба. Лизгачкиот ѕид сокрива уште неколку занимливости, како што се ротирачкиот држач за телевизорот и аудиовизуелната и мрежна опрема. Исто така, во самиот ѕид се сместени и дополнителни полици за складирање. И остатокот од овој мал стан е многу убаво и функционално уреден, почнувајќи од модерната бела кујна, мини трпезаријата и бањата, па се’ до катчето кое претставува мини бар. Во продолжение, погледнете ги паметните решенија кои ги нуди внатрешниот дизајн на овој креативен ентериер и инспирирајте се.

001

002

003

004

005

006

007

008

009

010

011

012

013

014

015

016

017

НЕМА КОМЕНТАРИ