Rene Lalique | Висок дизајн на накит

Рене Жил Лалик (Rene Jules Lalique) е француски дизајнер на накит и стаклена галантерија, којшто работел во областа на декоративните уметности. Препознатлив е по своите изработки на обоено стакло во Art Nouveau стил. Неговото име се поврзува со огромна креативност и квалитет, бидејќи тој секогаш дизајнирал раскошни а истовремено и дискретни предмети. Најпознати се неговите вазни, лустери, накит, часовници како и шишенца за парфеми. Кон крајот на својот живот тој креирал и орнаментални фигури за автомобилски радијатори. Тој започнал да ги изучува дизајнот и уметноста уште во раните години од своето детство. Најпрво започнал да работи како чирак кај познатиот јувелир ЛуисАукок(Louis Aucoc) во Париз. Во 1872 година тој започнува да го посетува колеџот Тургот. Веќе на 13 годишна возраст поцнува да скицира и да црта..Од 1874 до 1876 година, тој претстојува во Лондон, посетувајќи го познатиот колеџ “Crystal Palace School of Art Sydenham”. Кога се вратил во Франција,тој почнува да работи како слободен уметник дизајнирајќи парчиња на накит за “Cartier”,”Boucheron” и други познати имиња. Во 1885 конечно започнува со свој сопствен бизнис,дизајнирајќи своите први парчиња на накит и луксузни предмети од стакло. Веќе во 1890 тој станува еден од најпрепознатливите” ArtNouveau “ дизајнери.Неговите колекции денес можат да се најдат ширум светот низ најпознатите музеи како што се: ”Victoria and Albert Museum”, ”Musee des Arts Decoratifs”, ”Metropoliten Museum,”RijksMuseum”и многу други.Починал на 5 мај 1945 год, во Париз. Неговиот бизнис го наследила неговата внука Marie Claude Lalique!!

rene_lalique_02 Lalique-inspirates-KOKET images image3 Artwork-by-LALIQUE_ IMG_5980-1024x768 jewelry-lalique-dog-collar-4-29-10 8093laliquealgues-1_1024x1024 1024px-Tiara_de_Lalique_-_Calouste_Gulbenkian 1024px-Medusa_by_René_Lalique22 1024px-Lalique_-Spirit_of_the_Wind-_Mascot_-_Flickr_-_ingridtaylar 1024px-Lalique_dragonfly 0851_6656 800px-Lalique_Hood_ornament 800px-Horse_by_René_Jules_Laliquefe2067aabeb360ddc4c38e1313fb6f776703_d 8aebb561b220fa0233bc1a5de6d041d2

Rene-Lalique-jewelry-2

 

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објава[Филм] Лудиот Макс: Пат на бесот
Следна објава[Филм] Одмаздници 2: Ерата на Ултрон
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Нејзина омилена изрека е "Смејте се, ништо не е повредно од насмевката".

НЕМА КОМЕНТАРИ