Познатиот луксузен светски бренд LADURE ги бележи своите почетоци во во далечната 1862 година формиран во француската престолнина.Нејзиниот основач кој по професија бил мелничар, но во истовреме се занимавал и со пишување на поезија, есеи, театарски претстави, интересно е да се спомене дека тој напишал и неколку научни трудови. Бил жесток критичар кон тогашниот режим во својата земја и покрај што во тоа време постоела цензура, а казните биле многу сурови за сите што не се согласувале со уредувањето во Франција тој сепак имал голема храброст гласно да искаже своето незадоволство од присутната нетолеранција, религиозни догми кои била силно застапени во тогашните Француски институции.

1Во 1862 во Париз на познатаta улица ‘Rue Royal’ ја отвора својата прва продавница за правење на слатки пецива. Истата била запалена во времето на Француската Комуна, но била и повторно изградена токму на истото место. За внатрешната декорација бил ангажиран Jules Cheret, кој со својата оригинална идеја ги исцртал таваните на пекарата со слатки мали ангелчиња облечени како колачиња. Својот врв на популарност брендот LADUREE го достигнува во 1930 година, кога внукот на Louis, Pierre Desfontaines ја превзема работата во свои раце. Познатите слатки по кои е прапознатлив овој бренд се Macarons. Италијанската кралица Катерина де Медичи за прв пат го донесува рецептот во Франција во 16 век. Слаткото задоволство наречено “LADUREE”, е присутно на сите пет континенти и е лидер во продажба на овие слатки продавајќи и по 15,000 парчиња дневно.
2 3 4 5 6 7

 

НЕМА КОМЕНТАРИ