0

Верувале или не, прекрасната куќа која ви ја прикажуваме во продолжение не е нова градба, туку стар магацин, на кој долго време никој не му обрнувал внимание. Станува збор за некогаш напуштен објект во Мелбурн, Австралија, чија комплетна преобразба од магацин во преубав семеен дом е заслуга на локалните архитект, кои ја надградиле и реновирале. Внатрешниот дизајн на куќата црпи инспирација од њујоршките мансарди и фасцинацијата од уметноста, а резултатот е стилски индустриски ентериер кој зрачи со топлина и комфор. Куќата е современа и компактна, со сите предуслови и содржини кои соодветствуваат на модерното и динамично темпо на живот, а истовремено во просторот е постигнат совршен баланс помеѓу приватниот живот и работата. На долното ниво, креиран е отворен распоред, кој во простран план ги обединува сите простории од зоната за социјализација: дневниот престој, трпезаријата и кујната, кои комуницираат во големата целина со светла и воздушеста атмосфера. Ентериерот е уреден со удобни и лежерни парчиња мебел, кои ги комбинираат природните материјали на најдобар можен начин. Карактеристичен елемент е акцентираниот циглен ѕид и мноштвото фини детали кои внимателно се одбрани да се вклопат во целокупниот амбиент. Во дворот, пак, дочекува пријатна тераса со надворешна трпезарија, базен и многу зеленило. Совршено, зар не? Погледнете ги фотографиите во продолжение и инспирирајте се.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

14

15

16

17

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВероника реши да умре – Пауло Коелјо
Следна објаваЗарем љубовта е само обична болка?
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ