1

Нашите верни пријатели обожуваат да се надвор. Најголемото задоволство за едно куче е заминувањето на прошетка: уживаат во секој миг, силно се забавуваат и за нив природата е чудо и чиста среќа. Но, дали истиот став го делат и луѓето? Дознајте како изгледа светот низ кучешка перспектива и размислете.

4

2

,,Човек и куче’’ (,,Man and Dog”) е приказна од секојдневието, во која главни протагонисти се еден среќен и хиперактивен пес, наспроти неговиот летаргичен и намќорест сопственик. На сив и дождлив ден, песот успева да го одвлечка од станот до локалниот парк, а ние да видиме две перспективи на прошетката: онаа на кучето, кое го доживува светот со сите свои сетила, но и онаа на сопственикот, со матни очи и потреба од будење. Сепак, со мала помош од неговиот најдобар пријател и шише Кока-Кола, човекот открива дека промена на перспективата може да направи голема разлика во светот.

3

Видеото со времетраење од една минута е најновата анимирана реклама на брендот Кока-Кола. Користејќи рачно нацртана 2D анимација, рекламата успева да побуди емоции и визуелно искуство кои тешко би се постигнале со компјутерска анимација. Режисери на анимацијата се Todd Mueller и Kylie Matulick за Psyop, а кампањата е во продукција на Duncan Studio од режисерот Ken Duncan. Музичката тема е песната ,,Joy Joy Joy” на Bob Gibson, а пораката на рекламата е: Отворете среќа! Погледнете.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФилм: Дете 44
Следна објаваДивите деца на Hippy Garden
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ