Феноменална екранизација на политичкиот трилер од Том Роб Смит, кој освои 17 книжевни награди.

Во време на најголемите паранои, строгиот образовен систем и силното дејствување на тајната полиција, безгрижното секојдневие на земјата, која се фали дека во неа нема криминал, ќе ја раздрмаат крвавите злосторства на серискиот убиец познат под прекарот „месар од Ростово“. Посрамен член на воената полиција истражува серија на грозни убиства на деца во Советскиот Сојуз за време на Сталин.

Филмот е базиран на првиот дел од трилогијата на Том Роб Смит и се одвива во Советскиот Сојуз во ерата на Сталин. Се раскажува приказна за еден идеалистички про-Сталин офицер за безбедност, кој одлучува да испита серија на детски убиства во земја каде што, наводно, овој вид на криминал не постои. Државата не сака да слушне за постоењето на убиецот а уште помалку за сериски убиец. Тој понижен и прогонет одлучува, со помош само на неговата сопруга, да продолжи да го следи случајот.

Дете 44 “, интензивен политички трилер за серискиот убиец сместен во советска Русија во 1953та година, ја следи кризата и грижата на совест на тајниот полициски агент Лео Демиров (Том Харди). Демиров го изгубил статусот, моќта и својот дом кога одбил да се одрече од својата жена предавник, Раиса (Номи Рапас). Прогонети од Москва во сиромашна провинција, Лео и Раиса се здружуваат со генералот Михаил Нестеров (Гери Олдман), како би го фатиле серискиот убиец на деца. Нивната потрага по правдата ќе ја разниша удобноста на противникот на Лео и познат психопат Васили (Џоел Кинаман).

Овој раскошен трилер говори за моќта, предавството, љубовта, убиствата. Филмот е адаптација на бестселерот „Дете 44“ за злочините на серискиот убиец Андреј Чикатило, познатиот „месар од Ростово“ кој убивал во текот на 1950те години, во советска Русија. Романот за големото платно го адаптирал Ричард Прис, а проектот го започнал Ридли Скот, кој првобитно сакал сам да го режира. Меѓутоа, кога го погледнал големиот хит Snabba Cash на шведскиот режисер Даниел Еспиноза, знаел дека го пронашол вистинскиот човек за превземање на режисерската палка.

Иако опишува специфични настани сместени во одредено време и место, оваа приказна е истовремено универзален коментар на тоталитарната држава која може да го уништи човечкиот дух. „Во сите мои филмови се обидувам да имам ликови кои минуваат низ некоја врста на трансформација“, вели Еспиноза. „За мене Дете 44 е приказна за маж кој ги изгубил сите свои илузии. Затоа се поставува прашањето: Како ќе продолжи понатаму, кога се испоставува дека во се што верувал, вклучувајќи го и неговиот брак е една голема лага?“

Премиерното прикажување на „Дете 44“ пред македонската публика бешe на 07.05.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (11.05 – 17.05)
Следна објаваЧовек и куче | Coca-Cola
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ