0

Чудесниот спој од сликовити пејзажи и уметнички елементи, модерни содржини, традиции, луксуз, комфор и приватност, го прават овој имот исклучително место за одмор. Drakothea е преубава вила, која е како создадена за одмор од соништата, па ретко кого може да го остави рамнодушен. Сместена на рид во мало место од источната страна на Миконос, со панорамски поглед на Егејското Море и островите во близина, оваа вила е стопена со околината во која се наоѓа. Нејзината градба во целост ги следи физичко-географските карактеристики на околината, па имате впечаток дека е ,,заробена’’ во гребенот. Долж целата предна страна на куќата се протега прекрасен базен кој изгледа како и самиот да е дел од брегот. На располагање се и три тераси, опремени со елегантен мебел, а затскриени од кактуси, маслинови стебла и останати разновидни билки, идеални за уживање на летниот ветрец. Рустичниот ентериер на оваа убавица е уреден со посебно внимание. Камените и грубо обработени ѕидови и изложените дрвени греди се реновирани, а искомбинирани се со винтиџ мебел и традиционални детали. Резултатот е особено удобен и романтичен ентериер кој освојува со елеганцијата и традиционалните елементи. Во продолжение, погледнете ги фотографиите од оваа неверојатна куќа за одмор и споделете ги вашите импресии.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

24

25

26

27

28

29

30

31

32

33

34

35

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтан од 15 метри квадратни
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (11.05 – 17.05)
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ