Мислевте дека ентериерите кои досега ви ги прикажувавме се со скромна квадратура? Погледнете како изгледа навистина мал стан. Иако површината од 15 метри квадратни можеби делува како посоодветна димензија за детска соба или балкон, не секогаш мора да биде така. Недостатокот од повеќе квадрати, покрај тоа што може да биде незгодна околност, може и да ве поттикне на креативност. Дизајнерот Nicholas Vashantsev прифатил нималку лесна задача – во само 15 метри квадратни да смести цел животен простор. Резултатот е прекрасен мал стан кој не само што убаво изгледа, туку е и многу функционален, имајќи ги предвид предиспозициите со кои располага. Дизајнерот се одлучил за линеарен распоред, па дневната соба и работното катче се крај едниот ѕид, додека на спротивната страна е поставена мала софа на развлекување и мини кујна. На самиот влез од станот е сместена бањата, како и големите вградени плакари со доволно простор за складирање. Овој многу модерен микро стан сигурно ќе ве инспирира со својот убаво уреден ентериер. Ништо не е невозможно, па дури ни живот во дом со минијатурни димензии. Разгледајте ги фотографиите во продолжение и пронајдете ја омилената идеја за вашиот животен амбиент.

0

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЦветни модели кои ќе ве освојат
Следна објаваЧудесна вила на Миконос
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ