Сокотра е мал архипелаг составен од четири острови во Индискиот океан. Се наоѓа на околу 240км источно од Рогот на Африка и 380км од Арапскиот Полуостров. Овој изолиран остов преку процесот на видообразување направил една третина од растителниот и животинскиот свет што живее на него не се наоѓа на ниту ниедно место на планетата. Поради тој факт ова место е опишувано како вонземјанско место. Сокотра припаѓа на Република Јемен. Овој архипелаг порано бил дел од суперконтинентот Гондвана кој потоа бил разделен за време на миоценот. Климата е тропска пустинска и полу пустинска. Просечната годишна температура е над 18`степени. Островот се одликаува со најбогатиот биодиверзитет во Арапскиот Море. Долгата геолошка изолација и неподносливата жештина и суша одлично се усогласени создавајќи единствена и спектакуларна ендемска флора. Eдна од највпечатливите растенија на Сокотра е змејското крваво дрво (Dracaena Cinnabri), има чудесен облик и изгледа како отворен чадор. Лачи темно-црвена боја што потсетува на крвта на змејот од приказните. Денес оваа смола се користи во производството на бои и лакови. Други ендемични видови се гигантското дрво (Dorstenia Gigas) и ретката калинка (Punica Protopunica). Островот е признат како светско природно наследство на УНЕСКО во 2008 година. А сега мала фотогалерија.

2Socotra Felletti II 17189 1347277412_Socotra-Dragon-Trees-Socotra-Island 1407161650015948825 Kalanasiya-Beach-750x499 maxresdefault oa_ye_090323_309 socotra_island socotra_map

НЕМА КОМЕНТАРИ