,,Ова е саем кој го истакнува убавиот пишан збор. 27-миот по ред Саем на книгата е збир на многу дела, автори, литературни читања, стручна литература и многу пишани страни на кои има и што да се прочита.”- изјави Валентина Димитрова, комерцијален директор во Скопски саем

Книгата е луксуз на душата, пишан збор кој ги обединува луѓето. Овогодинешниот Саем на книгата ги обедини сите изложувачи, така што овој саем е со најголема концентрација на книги и автори до сега, како и една од најатрактивните манифестации чиј број на посетители се движи околу 40.000.

Во Метрополис Арена, на 3.000 м2, повеќе од 70 издавачи ќе се претстават на 27-миот по ред Саем на книгата на кој се најавуваат новитети, промоции, дружења со автори како и наслови кои публиката ги сака и бара.

,,Ова е саем кој го истакнува убавиот пишан збор. Саемот на книгата 2015 претставува жива збирка на многу дела, автори, литературни читања, стручна литература и многу пишани страни на кои има и што да се прочита. Сите кои се во потрага по било каква книга, посакуван наслов или литература, тоа ќе можат да го пронајдат токму овде, на Саемот на книгата, од 5-ти до 11-ти мај на Скопски саем.”- изјави Валентина Димитрова, комерцијален директор во Скопски саем.

Саемот на книгата е една од најзначајните културни манифестации во земјата и на него ќе се претстават повеќе од 70 издавачи, меѓу кои најпознатите домашни, но и од регионот и Европа. Шведска, Италија, Косово, Албанија и Србија се земјите од кои годинава пристигнуваат изложувачите.

Од 5 до 11 мај на Саемот ќе може да се најдат дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста.

Вообичаено богатата понуда на издавачката продукција овозможуваат силна конкуренција за избор на најдобро издание меѓу двата саема, најпродавана книга на Саемот, како и наградата за најдобар книжар на годината во Македонија кои се доделуваат од страна на Здржението на издавачи и книжари на Република Македонија, годинава, во сабота, 9 мај, во 19.00 часот.

Несомнено, огромно е значењето на Саемот на книгата, како една од најпосетените саемски манифестации кај нас, која учествува во создавањето на традицијата и култот кон пишаниот збор, кој секако ги обединува луѓето.

Читателите секојдневно ќе може да ги следат промоциите на најновите изданија и нивните автори на голем број домашни и странски издавачки куќи во Промотивниот центар на Галеријата во Метрополис Арена.

Тематската програма на промоциите вклучува: „Ден на македонска поезија“, „Промоција на млади автори“, „Ден на егзистенцијализмот“, „Големите светски талкачи“, „Ден на екранизирана уметност“, „Сонуваме звезди“ – средба на децата со поетите.

Работното време на саемската манифестација е од 10:00 до 20:00 часот. Цената на влезниците за посетители е 30 денари, а за организирани групни посети – 20 денари.

Свеченото отворање на саемот е во понеделник, 4 мај 2015, во 19 часот во Метрополис Арена.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВештицата од Портобело – Пауло Коелјо
Следна објаваСтан од 42 метри квадратни
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ