Најголемиот музеј на природни науки се наоѓа во Шангај

Ова е сигурно, една од најубавите современи згради кои ќе ги видите во животот, Шангајскиот музеј на природните науки во Кина, кој неодамна ги отвори своите врати.
Главните кривци за неговиот навистина неверојатен изглед се дизајнерите од компанијата Перкинс+Вил. Со 44.517 квадрани метри, стана најголемиот музеј за природни науки во светот со 10.000 експонати од сите 7 континенти.
Но, освен изложбениот дел, тој содржи и многу разни содржини како 4Д кина и градина со надворешен изложбен дел кој е во склад со кинеската традиција,и изгледа вклопен со природата и зен состојбата. Се наоѓа во исклучително урбаниот дел на Шангај, кој воедно му овозможува и голем број на посетители. Обликот и внатрешната структура на објектот укажуваат на чиста природна форма на лушпи од мекотели. Делот од тревата се издига високо од паркот и го обвиткува езерото, но фокусот на изложбата оди по текот на зградата која започнува на повисоко ниво и спирално се спушта надолу.
Ова е навистина еден од ретките музеи кој едноставно морате да го доживеете, почувствувате и видите

perkins-will-shanghai-natural-history-museum-china-designboom-01

perkins-will-shanghai-natural-history-museum-china-designboom-08 perkins-will-shanghai-natural-history-museum-china-designboom-02 perkins-will-shanghai-natural-history-museum-china-designboom-09 perkins-will-shanghai-natural-history-museum-china-designboom-07 perkins-will-shanghai-natural-history-museum-china-designboom-03 perkins-will-shanghai-natural-history-museum-china-designboom-04

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваMоден стил: Тексас кошула
Следна објаваБалетскиот спектакл „Рајмонда“ во МОБ
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ