Иако одамна музички пензионирани (првите Рап пензионери во МКД), Ве покануваме на прослава на 15 годишнината од издавањето на албумот Сафизам!
По тој повод со нашите гости ќе се почестиме со една меѓусебна концертна дружба само за вистинските фанови на добрата Хипхоп музика од сите генерации…..Овој семинар на Хипхопот има за цел да одбелжи еден клучен момент во македонската музичка сцена а тоа е издавањето на албумот „Сафизам”
Културолошки, музички, метафизички албумот ја претсавуваше македонската хипхоп сцена на достојно ниво доследно приготвувајќи го патот за генерацииите кои доаѓаат. „Сафизам” е официјално Првиот винил на поствоен Балкан и водено еден од највлијателните и најквалитетните музички остварувања на овие простори кои инспирирале нови генерациии да се посветат на урбаната уметност и да креираат.
Во 2000 година на 25 април во клубот Сачмо се случи промоцијата на Сафизам, сега 15 години подоцна ќе се собереме во полн состав да ја презентираме формулата за правење вистински Хипхоп:
1,2,3, Смилен ,Гоце, Пикисипи !!!
24. април Скопски Саем
Карти во претпродажба во 1/2 Југотон и мрежата на купикартизасе низ државата по цена од 250ден., а на денот на концерот 300 ден.
Резервации на коњопој на 078266156

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИрина Тошева ќе креира за Нокаут
Следна објаваZara Home: Пикник колекција
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ