Секое зло за добро е

1

Никој ли не виде дека најубавото дрво ќе биде прво пресечено, 
дека бунарот чија вода е најстудена прв ќе биде исушен, 
дека оној кој некому дал милостина ќе биде погубен токму од раката на својот спасен питач, 
дека во секој мед има осила,
дека зад мекото месо на сочните плодови се крие тврда семка, 
дека луѓето , кога закопуваат славен мртовец, го украсуваат мртовечкиот покров само од видливата страна, а никогаш од кај мртвиот кој го слават, 
и дека навистина добро е така и дека така треба да биде, а не поинаку? …

*извадок од Вештица, Венко Андоновски

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПристигнува новиот FIAT 550 со Ferrari Motor
Следна објаваНовото заштитно лице на Кавали, аренби пејачката Кјара
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ