Toroidion 1MW е автомобил од кој навистина застанува здивот. Покрај тоа што изгледа неверојатно, неговите 1.340 коњски сили едноставно ќе ви го завртат умот.

0
Овој автомобил е концепт кој доаѓа од Финска, но подготвен е да го освои целиот свет. Toroidion произведува неверојатни 1.340 коњски сили, односно 1000 KW. Она што најмногу изненадува е тоа што овој моќен автомобил е со електричен погон. Toroidion има 4 електро мотори кои заедно создаваат неверојатна сила. Toroidion 1MW се карактеризира со ретро дизајн во тандем со најсовремена технологија. Линијата на автомобилот е спортска, аеродинамична и не е пренагласена. LED фаровите и штоп светлата се сјаен додаток на неговиот ретро изглед, а кралската сина боја е полн погодок.Убавите ниско профилни пневматици, фелните и вратите придонесуваат за неговиот спортски и луксузен дизајн. Повеќе информации за неговите перформанси се’ уште не се познати, но сигурни сме дека овој автомобил со своите 1.340 коњски сили ќе биде брз како куршум.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Земјоделски живот
Следна објаваMоден стил: Тексас кошула
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ