1

Доколку сте љубители на едноставните, чисти, минималистички и пред се’ неутрални животни амбиенти, тогаш овој ентериер ќе ве шокира. Но, ако ве привлекуваат боите, динамиката, игривоста и живоста во просторот, тогаш станот кој ви го прикажуваме во продолжение ќе ве освои на прв поглед. Станува збор за дом со површина од 65 метри квадратни, кој зрачи со индивидуалност и колоритна естетика, но не е изоставена и уште една многу битна компонента – функционалноста и комфорот. Иако е полн со шарени детали и украси, станот не е нималку неудобен и задушен, туку делува воздушесто и пријатно. Заслужна за неговиот внатрешен дизајн е стилистката Pili Molina, која во ентериерот ги прегрнува радосните и блескави тонови на пролетта и летото. Комбинацијата на светли и весели нијанси совршено прилега на слаткиот винтиџ стил и ретро парчињата мебел во станот. Домот се наоѓа на сончевиот шпански брег, па влијанието на околината се одразува и во начинот на кој е уреден, како и на амбиентот и свежото чувство во собите, до кои допира големо количество на природна светлина од прозорците. Погледнете како изгледа секоја од нив и пронајдете ја омилената идеја за внесување ведрина и во вашиот дом.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

НЕМА КОМЕНТАРИ