Објавен е моден едиторијал за новата колекција „Енхалон “ пролет/лето ’15 на познатата македонска модна дизајнерка Ирина Тошева.

Фотографиите на дизајните на Ирина Тошева се на модниот фотограф Миладин Паповиќ, креативен директор е Кристина Манчева, шминката на Виктор Мирчевски, фризура Сашка Кузмановска, модел е Ивана Гелева од модна агенција „Подиум“. Едиторијалот е надополнет со накит и часовници на “My Time”, очила на оптика „Panda Optic” и чевли на “Chantel”.

Дизајнерката секогаш ги подготвува едиторијалите на специфични локации, а овојпат имаше ексклузивно право да снима во луксузниот хотел „Изгрев“ и на неколку локации во Струга.

„Секогаш кога сум во потрага по инспирација се изолирам и долго време поминувам токму на локациите каде е снимана фотосесијата. Затоа, овој пат, тргнав токму од локациите. Сакав да се оддолжам на околината која ми дава мир и креативност. “ – изјави Тошева.

Слободна, аморфна, мирна и ладна, дива и моќна. Вода. Нуркаме  во длабочините на Енхалон- колекција што е именувана по старото име на Струга, со која дизајнерката потсетува дека  водата е извор на сиот живот, и дека таа како и модата никогаш не исчезнува туку само ја менува својата форма. Разиграни принтови и интересни кроеви ,  мек сензуален памук и сјаен штоф  сатен ќе ја разбрануваат нашата фантазија.

Новата интернет страница www.irinatosheva.com нуди информации и новости на едно место, а во рамки на истииот функционира и виртуелен бутик преку кој моделите на Тошева ќе се достапни со само неколку клика.  Дизајнот на интернет страницата коренспондира со естетиката на брендот.

Колекцијата беше промовирана со модни ревии во рамки на Модниот викенд Скопје и Модната недела во Љубљана, Словенија и прими позитивни критики од модните критичари и познавачи.

Енхалон ќе биде достапна за продажба во нејзиното ателје во Скопје, во Lotus Design Store во Сити мол и низ целиот свет на irinatosheva.com

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБездомникот со златен часовник, во 5 прашања
Следна објаваНа прв поглед – Николас Спаркс
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ