Покана_ Промоцијата на првиот албум на „Тајфата“

По повод промоцијата на првиот албум на „Тајфата“ насловен како „Еден пат за еден живот“, која ќе се одржи во вторник на 21 април во ТЦЦ Гранд Плаза-Тафталиџе, со почеток во 12:00ч., Коки изјавува: „Ова е момент за кој долго и напорно работевме сите. Се надеваме дека со овој албум и пристапот кој го имаме од неговото креирање, па се до неговата промоција, ќе успееме да се етаблираме како група која поставува нови и повисоки стандарди во македонската музика. Ме радуваат реакциите на луѓе кои веќе имаат слушнато некои од песните на албумот, што ми дава надеж дека сме на вистинскиот пат. Се што правиме, правиме со огромна љубов кон музиката, па веруваме дека луѓето тоа ќе го препознаат.“

i

Албумот се состои од 9 композиции меѓу кои носечката на албумот,„Еден пат за еден живот“, потоа „Галичка“, „Јас со тајфа идам“, „Пушти коси“, „Едно мирно топло лето“, „Налет злато да е“… Текстовите се на веќе проверени и докажани текстописци како Венко Серафимов, Дејан Георѓиевски-Ѕене, Весна Малинова, Љупчо Трајковски-Фис и Огнен Неделковски. За музиката беа задолжени Дејан Георѓиевски-Ѕене и Венко Серафимовски, а аранжманите се комплетно на Дејан Георѓиевски-Ѕене.

За дизајнот на опаковката на ЦД, фотографиите и сл. беше задолжен Чедо Поповски.

Првиот тираж на албумот е веќе отпечатен и истиот љубителите на македонската модерна чалгија набрзо ќе можат да го најдат во продажни места низ цела Македонија.

По повод првиот албум на „Тајфата“, снимен е и документарен филм кој го изработи Томато продукција, посветен на луѓето кои во континуитет се дел од приказната наречена „Тајфата“. Филмот ги прикажува видувањата на луѓето вклучени во подготовката на албумот, размислувањата на самите членови на „Тајфата“, композиторите, тексописците, рецензорите.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВистина“ (Veritas) на MCouture од Мила Кадриу
Следна објаваНеделен хороскоп (20-26 април)
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ