01

Како што бројот на сончеви денови се зголемува, така расте и потребата од комфорно и живописно катче за уживање во убавото време. Ако живеете во стан, балконот е единственото место од домот каде можете да си го дозволите тоа задоволство. Но, што ако просторот е мал? Не грижете се – мини балконите веќе не се проблематични за уредување. Познатиот шведски бренд IKEA понуди практични идеи и корисни совети за нивно преуредување на едноставен начин и без премногу да се потрошите. Доколку се решите дел од балконот да искористите како простор за складирање, тогаш исфрлете ги сите непотребни нешта кои дополнително ја задушуваат малата квадратура. Уште една убава идеја е да го бојадисате балконот: смело и колоритно, или, пак, едноставно во бела боја – ќе го освежите во пресрет на новата сезона. Она што му е неопходно на секој балкон е пријатен и удобен мебел за седење, малечок орман или полици за складирање на предметите, добро осветлување за вечерните седенки, квалитетен чадор за сонце (доколку има потреба), како и декоративни билки кои може да бидат изложени на сончевите зраци. Инспиративни примери може да се сретнат во асортиманот на IKEA, а од галеријата во продолжение ќе погледнете како да ги искомбинирате сите детали за да добиете идилично катче за одмор и релаксација на отворено. Пронајдете ја омилената тема за вашиот животен амбиент.

02

03

04

05

06

07

08

09

10

11

12

13

14

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБалетот „Иван Грозни“ во Cineplexx
Следна објаваВистина“ (Veritas) на MCouture од Мила Кадриу
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ