Од 17-19 април ќе се оддржи Првиот климатски камп во Македонија за време на кој 10 финалисти ќе се натпреваруваат за две награди од по 10,000 УСД. 

Десетте финалисти беа избрани од страна на стручно национално и меѓународно жири од вкупно 130 апликации кои пристигнаа по јавниот предизвик “Од Тебе Зависи” (www.odtebezavisi.mk) упатен до сите граѓани за пријавување на паметни и иновативни идеи за намалување на штетните влијанија на климатските промени во урбаните средини. Покрај потрагата за иновативни решенија од страна на граѓаните (поединци или тимови), овој камп има за цел и да ја зголеми свесноста за климатските промени – реалност за која е потребна непходна акција.

Кампот официјално ќе го отворат:

  • Џихан СултаноглуПомошник генерален секретар на Обединетите нации и Директор на Регионалното биро на Програмата за развој на Обединетите нации за Европа и Заедницата на независни држави
  • Луиза Винтон, Постојан координатор на Обединетите нации и Постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)
  • Нурхан Изаири, Министер за Животна средина и Просторно Планирање на Република Македонија
  • Н.Е. Матс СтефансонАмбасадор на Шведска во Македонија
  • Џејмс Стајн, Директор на Мисијата на УСАИД во Македонија
  • Димитар Трајанов, декан на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)

Локација: Телеком Иновативен ЦентарПлоштад МакедонијаСкопје

Време: 18:00 часот

Датум: 17.04.2015 (петок)

Кампањата ‘Од Тебе Зависи’ е поддржана од Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Скопје, Шведската амбасада, Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени спроведуван од Милиеуконтакт Македонија, Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) и Министерството за животна средина и просторно планирање.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако да комбинирате миди здолништата
Следна објаваЛетниот шармер – Fiat „500 1957 Edition Cabrio“
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ