Ревијалниот дел на единаесеттиот пролетен Моден викенд го отвори ревијата на Росица Мршиќ вчеравечер во катната гаража „Солунски конгрес“ , а ние бевме таму!

Креаторката Мршиќ која е препознатливата по експериментите со кроевите овојпат ја презентираше колкецијата за актуелната сезона пролет/лето 2015 година.

„Колекцијата е дефинирана од три термини: асиметрија, контраст и униформа, реализирани со меѓусебната спротивност на употребените бои: млечно бела, црна, сончево жолта и длабока црвена. Идејата за изгледот на силуетата е да се претстави лесна, современа и женствено комфорна нота. Природните материјали во комбинација со структурата на ткаенините го надополнуваат целосниот изглед и додаваат лежерна линија“, вели Росица Мршиќ.

Погледнете ја атмосферата низ модниот објектив на Дивиан Артс!

Со оваа колекција креаторката ја започнува осмата година на континуирано пласирање авторски модни колекции. Моден викенд Скопје продолжува вечерва со групна модна ревија на студентите од Факултетот за арт и дизајн при ЕУРМ наречена Артерија-Антерија и истоимената изложба на професорите од ЕУРМ, модните ревии на Ивана Цветковска, Алмир Мили, Флутура Дедиња, Ирина Тошева поддржана од My:Time и Јована Марковиќ. Вечерва ќе бидат презентирани и маичките дизајнирани од Алмир Мили и Ивана Цветковска со кои ја поддржаа кампањата „Стоп за насилството врз жените и девојчињата-сега“ на Канцеларијата на УНДП во Скопје. Веднаш по ревиите и вечерва ќе има Red Bull забава во кафулето Concept 37.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп 10 женски парфеми за пролет
Следна објаваНеделен хороскоп (6-12 април)
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ