Волшебен свет на бајките, згодни жени кои сакаат да ризикуваат на приватен план, дрзок болнички хумор и уште многу работи ве чекаат на Pickbox. Љубовници и Стажисти пристигнуваат на 1 април, а додека чекате, тамам ќе стигнете да организирате и маратонско гледање на бајковитата серија Си било еднаш.

Верувате ли во бајки?

Замислете град во кој луѓето итаат од едно место на друго за да стигнат да извршат една од своите многубројни дневни обврски. А сегазамислете дека тие луѓе не се обични жители на градот, туку волшебни ликови од бајките, на кои злобната вештерка им ја фрлила клетвата назаборавот.

Цела плејада нам добро познати ликови од бајките се раселени од вештерката во градот Сторибрук и додека едно храбро и инвентивно момчене се осмели да ги преземе работите во своите раце, злобното проклетство и понатаму трае.

Ако ви кажеме дека Џинифер Гудвин (Снежана) и Џош Далас (Принцот) се запознале на снимањето на Си било еднаш и подоцна вечерале,не ви останува ништо друго освен да верувате дека за некои луѓе бајките сепак се возможни.

Лекари од кошмарите

Нивната работна околина по ништо не би требало да предизвикува смеа и да поттикнува на ѓаволштини, но на откачената екипа одСтажисти токму болничките ходници ѝ се полигон за најцрниот хумор.

Тројцата неискусни и несмасни лекари, во чии раце никој нормален не би сакал да дојде, домарот кој обожава да имго спуштипо секоја ценаи еден релативно љубезен лекар, се одлична гаранција за смеа.

Несмасниот и по малку откачен ЏејДи, арогантниот Турк, симпатичната но несигурна Елиот, за среќа ја сретнуваат медицинската сестраКарла, која се обидува да ги насочи, додека од злобните досетки нанарцисоидниот ментор на ЏејДи, Пери Кокс, не би се засрамиле нинајголемите гадови на овој свет.

Романси и интриги

Со какви проблеми се среќаваат жените кои уште немаат добиено статус на девојки или сопруги (а можеби тоа воопшто и не го сакаат),погледнете во Љубовници. Четири пријателки, чии животи се вртат околу сексуалните интриги, романтиката и згодните мажи, се идеалнакомбинација за добра и опуштена серија. Особено ако се работи за жени кои сакаат да ризикуваат на приватен план.

Американската верзија наЉубовницисоволшебничкатаАлиса Милано и соизгубенатаЏунџин Ким, претставува верна адаптација наистоимената британска серија од 2009 година. ИакоЉубовницинаскоро поради пониските трошоци за снимање ќе се пресели во Канада, итоа без Алиса Милано, која има две мали деца, нема причина во првите две сезони да не го фатите шмекот на летната вибрација на ЛосАнџелес

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАртенштајн | Настан за улична уметност
Следна објаваПастелни велигденски декорации
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ