Скоро сите девојчиња како мали сме се идентификувале со некоја од принцезите од цртаните филмови на Дизни. Секоја од нив има одредени карактеристики според зодијакот. Пронајдете го вашиот знак и прочитајте која принцеза сте.

1

Овен- Јасмин

Овновите се секогаш пријателски настроени и цврсто стојат зад она во кое веруваат. Баш како Јасмин од „Аладин”. Како класичен Овен кој често се сомнева во другите, на Јасмин не ѝ требаше многу време за да сфати дека Аладин не е принц.

Бик- Пепелашка

Како вистински Бик, Пепелашка дисциплинирано ги прифаќа сите задачи и не се жали. Освен тоа, таа е сочувствителна и на неа можете секогаш да се потпрете.

Близнаци- Анастасија

Со оглед на тоа што Близнаците се многу неодлучни, и Анастасија од истоимениот цртан, не може да се одлучи дали сака да ја пронајде баба ѝ или не. Нејзината љубовна приказна со Димитриј е сè она што еден Близнак сака- опасна и полна со возбуди.

2

Рак- Тиана

Тиана е вистински Рак- тврдоглава, сконцентрирана на својата работа, но по природа нежна и чувствителна. Успешно се снаоѓа со секој проблем.

Лав- Мег

Лавот многу сака да доминира, па Мег нема проблем отворено да му каже на Херкулес како стојат работите. Таа него го сака со целото срце и искрено му се посветена, како и секој Лав.

Девица- Заспаната убавица

Вообичаено, Девиците се тивки и сакаат сè да биде на своето место, па убавата Аурора е типичен претставник на овој знак.

3

Вага- Златокоса

Вагите често имаат немирен дух и најсреќни се кога се опкружени со луѓе. Затоа не е ни чудо што Златокоса беше многу тажна додека седеше затворена во кулата.

Скорпија- Ариел

Скорпиите не поднесуваат ограничувања, а сè што Ариел сакаше е да не биде веќе сирена, туку да биде човек. За да го оствари тоа, не се плашеше ниту од морската вештерка Урсула.

Стрелец- Покахонтас

Стрелците се познати по својата љубов кон животните, па тоа ја прави Покахонтас вистински Стрелец. Освен тоа, тие одлично умеат да комуницираат со луѓето околу нив.

4

Јарец- Џејн

Јарците по природа се интелигентни, одлучни и амбициозни. Сите овие особини ја красат и Џејн од цртаниот „Тарзан”. Џејн не се плаши од непознатото, туку искрено го прифаќа новиот свет во кој се наоѓа.

Водолија- Снежана

Водолиите се големи хуманитарци и можат да се дружат со секаков тип на луѓе. Снежана оди во куќата на џуџињата и ја чисти, без да знае кој живее во неа. Џуџињата воопшто не ја исплашија, туку веднаш се спријатели со нив.

5

Риби- Бел

Бел, како вистинска Риба е креативна и интровертна. Не ја интересира богатство, туку храбро чекори по својот пат и никој не може да ја запре.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМали и убави станови (7.дел)
Следна објаваВо лов по Хари Винстон – Лорин Вајсбергер
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ