Македонија станува побогата за уште еден домашен пивски бренд.

Сопствениците на Пивница „Стар Град” решија да ги изненадат своите гости со пиво од домашно производство. Пивото се вика „Чаршиско”,именувано по најпрепознатливиот дел на Скопје- Стара Скопска Чаршија каде што и се наоѓа пивницата. За почеток ова пиво ќе се пие во светла варијанта, а понатаму се планира да се започне и производство на темно пиво.  Пивото се подготвува со најсовремени методи исто како и во секоја голема пивара, но разликата е во тоа што за првпат во Македонија имаме бренд препознатлив за еден локал, односно „Чаршиско” ќе биде заштитен знак на пивницата, а на странците ќе им се нуди под името „Old Town”. Наскоро следува промотивен период во кој гостите ќе можат бесплатно да го дегустираат и оценат пивото, а понатаму ќе се продава по цени достапни за секој кој сака да го проба „Чаршиско”

baner-old-townbaner-old-town

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСпални соби во боја
Следна објаваКои се учесниците на единаесеттото издание на "Модниот викенд Скопје"
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ