Оваа недела Општинска Установа за култура Дом на млади Штип има интересни настани кои со задоволство ги нуди на публиката.

На 26.03.2015 година, Драмско студио Гаврилов, при Дом на млади Штип, гостува на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Во 20:30 часот, на Академската сцена на ФДУ ќе го изведе одличниот драмски перформанс „Лет од место“, работен по текстот на Горан Стефановски – „Лет во место“, а во режија на искусниот режисер Симеон Гаврилов. Претставата говори ја сочинуваат група млади луѓе, од 10 до 20 години од Драмското студио – Гаврилов, кои одлучија да проговорат за небиднините на своето време преку драмска претстава, а за инспирација го земаа драмскиот текст на Горан Стефановски “Лет во место”, напишан пред триесетина години. Претставата зборува за устремот на човекот кон слободата кон себепрепознавањето, откривањето на светлината како патоказ кон иднината … Како да се ослободиме од навиките, комплексите, за вечното наше доцнење зад “историјата”.

Фејсбук линк до настанот тука. 

11083777_868600389844737_5098546821003935792_o

Во Сабота пак, на 28.03.2015 година, во Дом на млади, од 22:00 часот, настапуваат групата Autmind. Групата AUTMIND е формирана летото 2006 г. од старите пријатели: Lt.com.Tzekoff, Guru Hare и DJ Z’ba. Иако тие работат заедно во оваа формација за првпат, секој од нив има многу добра музичка позадина. Харе е главниот гитарист во Банкрот Блуз Бенд, Егзија оркестра… Цеков од друга страна пак има соработувано со браќата Венко и Васко Серафимовски на неколку студиски проекти и во последно време со Мизар. Ж’ба поминал кратко време како водечки вокал во SunS, истовремено активен како DJ, главно пуштајќи псај- прогресив

на многу транс журки ширум Македонија.

Сето нивно искуство тие заедно го спојуваат, градејќи свој личен запис и звук, кој се карактеризира како ”модерено вокално-електронско доживување на подиумот”, главно базирано на моќниот прогресив ритам, подржан од фанки звукот на винтаж гитарата и многу VTS screwdinizers.

Во бендот Tzekoff е midi програмер и технички соработник, Z’ba е програмер и вокал, а Hare гитарист и вокал. Нов член во групата е Кali V. која е водечки женски вокал. Таа има соработувано со многу бендови меѓу кои е и La Colonie Volvox. Моментално соработува и со бендот – Промордијална Манџа.

Групата AUTMIND e еден од ретките бисери на македонската електронска сцена, која со својот квалитет и енергија гради сигурен статус на музичката сцена, не само во Македонија туку и надвор од нејзините граници. Тие се искуство кое не се заборава, давајќи и на публиката добра забава, позитивна енергија и знаење што е всушност добра музика.

Фејсбук линк до настанот тука

10998314_336096729917582_8039189578372735676_o (1)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп 10 машки парфеми за пролет
Следна објаваФилм: Пепелашка
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ