Направи сам | Пролетна фризура со плетенка

Денес ви претставуваме како да си направите шик, пролетна фризура со плетенка, одлична и за преку ден, и за вечерно излегување. Плетенките се секогаш во тренд, а ваквата фризура ќе му даде женствена нота на секој изглед. Условот е да знаете да правите плетенка- „рибина коска”, а потребни ќе ви бидат лак за коса за волумен, ластиче и мали шноли.

2

  1. Дајте ѝ текстура и волумен на косата со тоа што ќе ја испрскате со лак, а воедно и ќе ги измазните сите мали праменчиња што штрчат.
  2. Почнете да плетете плетенка- „рибина коска”, од делот над вратот, па надолу. Откако ќе ја направите плетенката, зацврстете ја со ластиче.
  3. Крајот на плетенката завиткајте го навнатре, зад вратот.
  4. Зацврстете со мали шноли.

Супер фризура во само неколку чекори!

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Љубов на лебедите
Следна објаваУметност со цвеќе
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ