1

Само затоа што живеете во стан, а не куќа, не значи дека треба да се откажете од идејата за дом кој е во допир со природата. Ништо не е невозможно, па дури ни тоа вистинска мини градина со билки да се смести и во ентериерот на домот. Најдобар пример е внатрешниот дизајн на овој прекрасен италијански стан, кој е модерен и софистициран, а сепак умешно ги внесува природните елементи во амбиентот. Станот е со површина од 100 метри квадратни, се наоѓа во строгиот центар на Рим, а дело е на вештиот тим дизајнери од студиото Brain Factory – Architecture & Design. Покрај тоа што преубаво изгледаат, зелените површини во просторот имаат и полезна улога – дел од нив се ароматични билки кои се користат во кујната, а другите имаат декоративна намена, придонесувајќи за релаксирано чувство во ентериерот. Просторот околу средишниот столб во дневниот престој е дизајниран со трева и интересно осветлување, што создава спектакуларен монолитен облик. Кујната е уште едно место во кое владее задоволството на сетилата, а може да се пронајдат зачини како што се: босилек и чили, насадени веднаш под прозорецот. И бањите можат да се пофалат со неверојатно смирена и опуштена атмосфера, повеќе наликувајќи на спа, отколку на купатило во станбен објект. Одлична идеја, зар не? Прошетајте низ собите на овој современо уреден дом и инспирирајте се.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

СПОДЕЛИ
Претходна објаваMеѓународен саем "Мебел 2015"
Следна објаваЛатинскиот кварт – Гери Ван Хас
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ