Пролетниот Моден викенд Скопје кој ќе се одржи од први до петти април ќе започне со првоаприлски моден маскенбал во клубот „Станица 26“ а ревијалниот дел ќе го отвори колекцијата на Росица Мршиќ на третти април во катната гаража „Солунски конгрес“ на „Кеј 13 ноември“ бб каде ќе се одржуваат сите ревии во рамките на единаесеттото издание.

Викендот ќе продолжи со ревии на студентите од Факултетот за арт и дизајн при ЕУРМ и изложба на професорите од истиот факултет наречена „Артерија-Антерија“.

Младите дизајнери Ивана Цветковска и Алмир Мили на презентацијата на своите колекции ќе ја поддржат и кампањата „ Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата – Сега! “ кон која годинава се приклучи и Моден викенд Скопје. Ново име на модниот настан е Дејан Тодоровиќ кој повеќе години се занимава со дизајн но сезонава за прв пат ќе се претстави на Моден викенд Скопје.

На изданието за пролет/лето 2015 ќе ги видиме и најновите колекции на модните куќи „Линеа“ и „Хера“ а „Фешн Груп Македонија“ ќе презентира капсулна колекција маички дизјанирани во соработка со познатата македонска блогерка Јована Зука.

Регионалната соработка на Моден викенд продолжува па така Ирина Тошева поддржана од My Time по ревијата кај нас колекцијата ќе ја претстави и на модната недела во Љубљана на 13 април.

Повторно гостуваат реномираната дизајнерка Флутура Дедиња и модната куќа „Менакон“ од Косово. За прв пат на Моден викенд ќе ги видиме и креациите на косовската дизајнерка Венера Мустафа и една од најталентираните млади српски дизајнерки Јована Марковиќ која освен во Србија своите креации ги продава и во Велика Британија и Москва.

Единаесеттото издание на Моден викенд Скопје ќе го затвори моден перформанс на Олгица Ѓоргиева.

Во продолжение на Моден викенд кон средината на април ќе ги видиме моделите на „Mcouture by Mila Kadriu“ чија колекција потоа ќе биде презентирана на Serbian Fashion Week кој се одржува од 20 до 26 истиот месец. Во рамките на едукативната програма од 27 до 29 март во компанијата за едукација и поддршка на млади таленти NewMan’s Business Accelerator во Скопје ќе се одржи работилницата на тема „Развој на моден бизнис“ под менторство на Жан Бутон. На 30 март во салата Дипломатик на Скопски саем во рамките на бизнис програмата на Моден викенд ќе се одржи „Webinar“.

Со помош на најсовремената технологија на CISCO Македонија , основачот на Global Fashion Management Тиери Бајле во живо од Лондон ќе одржи предавање и менторски сесии. На настанот освен модни дизајнери ќе присуствуваат и претставници на македонски фабрики- членки на Текстилниот Кластер Македонија. Официјален партнер за фризура на единаесеттиот Моден викенд Скопје е „Lakme“ во соработка со „Бубе Студио Ин“ а официјален партнер за убавина е „Cosmo“ .

Divian Arts е медиумски покровител на Fashion Weekend Skopje.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКреативен стан за млади
Следна објаваДотерувањето на еден Nissan
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ