Алхемичарот – Пауло Коелјо

the alchemistСекоја потрага започнува со почетничка среќа, а завршува со строг тест на победникот.“

Блескава приказна со моќна едноставност и инспиративна мудрост, која во својот центар на духовна елаборација зема едно момче, овчарот Сантијаго од Андалузија, чие патување од родната Шпанија кон пустините во Египет се сведува на потрага кон богатство. Бујна и сетилна, истовремено длабоко хумана сторија, приказната на Сантијаго претставува манифест на трансформирање на сопствените соништа во реалност, како и важноста да се следи сопственото срце. „Постои само едно нешто што го прави сонот невозможен. Тоа е стравот од неуспех“, предупредува Коелјо.

Во интерес да се пронајде богатството, треба да се следат знаците. Бог го подготвува патот за секој што ќе одлучи да го следи… на нас останува само да ги прочитаме неговите насоки“… никој не знае какво е тоа богатство или дали Сантијаго ќе успее да го надмине мноштвото пречки на патот. Но, „кога ќе посакаш нешто – целата вселена кова план за да ти помогне да го оствариш истото“, каде Коелјо ни дава животна лекција за содржината на нашето срце, која не смееме да ја заборавиме како што влегуваме во метежот и вревата на материјалното сфаќање на животот. Лекција која не упатува да го послушаме срцето и да ги следиме соништата – лекции за живеење на животот во моментот, за минливата вредност на материјалната сопственост, како и лекција за да се ослободиме себеси од стравот за да би можеле да се разбереме себеси како дел од енергијата во универзумот и како се функционира надвор од границите на претпоставеното. И најважната лекција: дека сите среќи и несреќи кои не затекнуваат низ животот, дека истите се дел од нашата духовна преобраза, од нашата метаморфоза и моделирање; и дека за разлика од земното богатство, кое на крајот нема смисла, примената на научените лекции е категорија која се валоризира во целост. И дека тоа е значењето на животот, од блогот на нашиот писател.

На крајот, на читателот му се нуди една неверојатна можност да научи дека и светот има душа, дека кој ја разбира душата на светот, може да го разбере јазикот на нештата. Да научи дека многу алхемичари ја реализирале својата судбина и ја откриле токму посочената душа на светот, каменот на мудроста и еликсирот на животот. Но, пред се, да научат дека сите овие работи се толку едноставни што може да бидат напишани на површината на еден смарагд, вели Коелјо. „Момчето стигна до душата на светот и виде дека истата е дел од душата на Бога. И во душата на Бог, ја виде својата душа. И виде дека тој, едно обично момче, може да направи чуда“…

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТетоважа, да или не?
Следна објаваФото на денот | Сакам надвор
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ