Погледнете какви настани ви носи претстојната недела според хороскопот.

horoscope

Овен

Ве очекува тензична, возбудлива и динамична недела со настани поврзани со некој ваш близок.  Ќе преземате ризици кои е можно да ви донесат профит. Не заборавајте дека среќата ги следи храбрите.

Бик

Оваа недела ќе се одморите од стресот од изминатиот период. Во љубовта ви следи некоја промена што може да ви се одрази негативно. Период поволен за прифаќање нови идеи на работното место, како и во семејниот живот.

Близнаци

Ова е период на динамични промени во вашиот друштвен живот. Ќе остварувате многу контакти со пријателите, а ќе им помогнете на оние на кои им е потребна помош. На крајот на неделата ќе се чувствувате исполнети и задоволни со постигнатото.

Рак

Највозбудливо поле во вашиот живот во моментов е вашата кариера. Идните планови ви налагаат нови методи во работата. Внимавајте како им ја претставувате вашата визија на другите за да можат да ја разберат.

Лав

Во овој период имате избор-или ќе се прилагодувате на околностите, или ќе го промените ставот и ќе се поставите како лидер. Не ги слушајте советите на другите и преземете ја контролата врз себе. Не се плашете да прифаќате нови предизвици.

Девица

До крајот на неделата ќе завршите некој важен проект на работа и ќе можете да се посветите на најблиските. Ќе уживате во дружењето со пријателите и семејството. Кога давате некој совет обидете да се ставите на местото на оној кој го побарал.

Вага

Во неделата која претстои ќе имате поголема контрола врз работите кои ви значат. Сконцентрирани сте на љубовниот живот. На тоа поле ви следуваат неочекувани промени. Ослободете се од негативните влијанија од минатото за да можете да уживате во сегашноста.

Скорпија

Имате силно изразена потреба да ја искажете својата независност и лидерство. На работното место не дозволувате никому да ви кажува што да правите и тоа може да предизвика кавги со колегите. Не ги земајте работите здраво за готово и уживајте во животот.

Стрелец

Ве очекува инспиративен период полн со возбудливи и креативни настани, како на работното место, така и во љубовниот живот. Можни се мали проблеми во финансиската ситуација. Ви претстои некое кратко патување.

Јарец

Оваа недела немате многу контрола врз работите и ги оставате слободно да течат. Најпаметно е да ги оставите работите да се случуваат бидејќи така можеби ќе излезат многу подобро отколку што сте очекувале. Ве очекуваат нови и интересни познанства.

Водолија

Ви се отвараат нови можности кои ќе ви дадат нова перспектива за работите околу вас. Научете да се ослободувате од стресот и да уживате во малите работи. Инспирацијата е насекаде околу вас.

Риби

Секогаш се обидувате да ги пронајдете најдобрите решенија според околностите. Ослободете се од старите работи за да оставите простор за нови идеи. Секогаш можете да се потпрете на вашиот партнер и вашите пријатели.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПоследната песна – Николас Спаркс
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (09.03 – 14.03)
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ