ОЧЕКУВАЊЕ

Стрела исфрлена по реката создавам бунар да ја уловам, да се разгорам кај тебе сакам да шетам од љубов низ едни градини бели оти страшни се ливадите црни, да се најдеме потпрени до прозорецот што танцува.

Размислувам во жештина раскрилена за тие другарки здружени, се развива чекорот разголен со најголемите надежи се гради реткоста за сенката што изгрева која ме набљудува богато низ мразот сонлив и блед.

Љубовта зашиена, а расплетена се намалува зимата вкочанета, со името останувам развртен.

Преполна е љубовта истрошена свеста е исчистена од ѓубре, под ропство на темјанушка сум созрева младоста оддредена со мене и сликата мирна, нема измени и замени љубовта е во темјанушката.

ВЕЧНОСТА НА МОМЕНТОТ

Со косите во сонцето делена си, бескрајности споени во темјанушката ме жарат височините искршени, миговите кренати од летниот лик и молитвите чувари, темјанушке.

Можности сјајни љубовни нешта сплетен сум со душата на темјанушката, пердуви цртаат уживање, љубовта во убавината на таинственоста допрени топлини, капки создадени.

Сплетени кули во храм, пештера на љубовниот мирис.

Ти си влажност што освежува, ти си напивка најубава, ти си љубов, темјанушке.

РАСКОШ ВО ЉУБОВТА

Во селото во сеното низ косата, украс тие сламки во играта допрени, црвена жештина и музика.

Раскош во љубовта, чоколадни срца растопени скриени во вечноста, расположена балска сцена, нежна девојка зелена.

Летен љубовен момент, убави чувства одиграни.

Сè е во сликата осветлена во ноќта и течат моменти, ја носат љубовната прав од селото во сеното.

Автор: Зоран Мицев – Стихозбирка “Темјанушка”

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДругата Болејн девојка – Филипа Грегори
Следна објаваЕлегантен двособен стан
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ