Овие денови Мекларен, го престави својот адут “675LT”, за предстојниот Саем на автомобили во Женева. Најновиот член на Мекларен фамилијата  од *Супер серијата* во која се и моделот  “650S” и “625C”/за пазарот во Азија, светската премиера ќе ја има на 3 март на Салонот на автомобили во Женева, а сега ги имаме и првите официјални податоци за моделот.
“675LT” моделот е створен за возење по тркачки патеки. За погонот е задолжен познатиот  tvin-turbo 3.8-литарски V-8 со дури 50-отсто нови компоненти,тврдат од Meklaren.
Новините од агрегатот, овозможуваат поголема сила од  675KS и 700Nm на обртаите. Како би се обезбедила идеалната тракција, обртниот момент во својата прва брзина е ограничен на  600Nm.

Меѓутоа,промените не се ограничени само на моторот. Meklaren нагласува дека една третина од од новите делови се уникатни за новиот модел. Најдраматичната измена е задниот продолжен облик на моделот кој му ја дава “LT” (Long Tail) ознаката.
Вкупната тежина на”675LT” се импресивните 1.229килограми, а продолжениот заден дел не е тука само за изгледот, туку обезбедува дури 40 насто поголем потисок во споредба со актуелниот “650S”.
Од Мекларен, тврдат дека за забрзувањето до стотка, потренби се 2.9 секунди со максимална брзина од 330km/h.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКаков свет ќе им оставиме на децата?
Следна објаваМодата на улиците во Лондон за време на London Fashion Week
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ