Otvoren povikДата: 27-29 март, 2015

Време: 09:00–12:00 & 13:00-16:00

Предавач: Жан Бутон, главен финансиски менаџер во модната куќа „Ристо“

Тема: Развој на моден бизнис

Информации за работилницата

Ако сте моден дизајнер или дизајнер на модни додатоци и сакате да го пласирате својот бренд на повисоко ниво тогаш ова е идеалната работилница за Вас. Предавачот Жан Бутон кој е доаѓа од Париз, има долгогодишно искуство во развој на бизнис и бизнис стратегија. Неговото портфолио вклучува работни позиции во маркетинг и комуникации, консултантство и проект- менаџмент. Моментално работи како главен финасиски менаџер за македонско-францускиот бренд Ристо основан од познатиот македонски дизајнер Ристо Бимбилоски кој над две децении работи во Париз .

Zhan ButonПрвиот ден од работилницата е фокусиран на продуктот. Ќе се дискутира за мапирање на бренд, создавање на компетентен тим и развој на капацитети. Предвидена е презентација на теми од типот: дефинирање на глобална стратегија, позиционирање на продукт и анализа на клучни компетенции.

Вториот ден ќе опфати идентификација и еваулација на трошоци, евалуација на идна продажба и кеш -менџмент.

Третиот ден е посветен на финансискиот аспект на модниот бизнис. Ќе бидат презентирани можности за финансирање а фокусот ќе биде ставен на бизнис планот: како да се направи, како да се подобри и како да се искористи како можна алатка за понатамошен развој на брендот. Попладневните сесии во текот на трите дена ќе бидат искористени за лични консултации со предавачот.

Информации за апликација

Сите заинтересирани треба да ги достават следните документи: – Пополнета апликација – достапна на веб страната на Моден Викенд Скопје; – Дигитално портфолио (PDF формат); – Биографија и кратко мотивационо писмо; – Една портрет фотографија во висока резолуција. * Работилницата ќе биде одржана на Англиски јазик. Сите документи треба да бидат напишани и доставени на Англиски јазик.

Рок за пријавување: Недела, 12.03.2015 на следната адреса: goran@fashionweekendskopje.mk

Лице за контакт: Goran Sidjimovski goran@fashionweekendskopje.mk + 34 655 107 643

Учесниците ќе бидат избрани од страна на тимот на Моден викенд Скопје и Жан Бутон.

# Fashion Weekend Skopje | www.fashionweekendskopje.mk |info@fashionweekendskopje.mk

 

Divian Arts е медиумски покровител на Fashion Weekend Skopje.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМини стан од 29м2
Следна објаваKung hei fat choy | Среќна Кинеска Нова Година
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ