1

Малите домови можат да бидат совршен животен простор, со паметни решенија и добар план при уредувањето на ентериерот. Одличен пример е и овој мини стан со површина од само 29 метри квадратни, кој е комлетно функционален и располага со сите предуслови за пријатен престој, како и комфор во амбиентот. Опремен е со дневна зона, трпезарија, кујна, спална соба, засебна бања и ходник. За воздушесто и отворено чувство, направен е отворен распоред во кој сите соби се поврзани без ѕидни прегради, па природната светлина од прозорците непречено циркулира насекаде. На тој начин, ентериерот делува многу поголем и попростран од она што навистина е, за што во голема мера придонесува изборот на светли и неутрални бои, како и минималистичкиот стил на внатрешен дизајн. Мебелот и деталите се со едноставни линии, но мошне удобни и пријатни, давајќи му лежерна атмосфера, топлина и гостопримливост на просторот. Практичните решенија за складирање, пак, овозможуваат добра организација во малата квадратура, па ништо не е пренатрупано или хаотично, туку сосема спротивното – постигнат е ефект на слобода каков не може да се забележи и во многу поголеми станови. Спалната соба е издигната на второ ниво, со полупреграда која суптилно ја издвојува од опкружувањето, и и’ ја дава неопходната интимна компонента. Во продолжение, погледнете како е стилизирана оваа прекрасна мини оаза, и одберете ја омилената идеја и за вашиот дом.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

НЕМА КОМЕНТАРИ