DivianArts освен што е сајт посветен на креативната страна на животот, има и за цел да поддржува и промовира млади таленти кои се занимаваат со некој вид на уметност, а со тоа и да ги охрабри сите оние кои носат креативен дар, да го споделат со нас и нашите читатели.

Денес ве запознаваме со едно талентирано момче, Филип Стојковски од Битола. Филип е апсолвент на Техничкиот факултет на Универзитетот „Св. Апостол Павле” во Охрид. За себе вели дека има многу интереси и нешта кои го исполнуваат.

„Иако професионалната определба ми е информатички науки, отсекогаш сум имал голема љубопитност и страст кон уметноста. Главно сум самоук, но кратко време одев на приватни часови кај академски сликар. Во 2013та година бев организатор на цртачкиот клуб Арс Вивенди во рамките на Општинската организација на Црвениот крст во Охрид. Клубот успешно функционираше повеќе од 2 години и реализираше неколку јавни изложби”- ни раскажа Филип.

Во продолжение погледнете дел од неговите цртежи.

Tisina

Butterfly

Incomplete

kojnce

Majka_Tereza

LoadingPleaseWait

Освен талентот за цртање, Филип има уште едно хоби.  Долги години се занимава со јапонската боречка вештина- аикидо и носител e на мајсторски степен- црн појас.

Пораката на Филип за нашите читатели гласи: „Немањето време не е она што нè спречува во остварување на нашите амбиции, туку начинот на кој го користиме тоа време”.

Доколку ви се допаднаа цртежите на Филип, неговата работа и идните планови можете да ги следите на фејсбук-страницата: www.facebook.com/tragacot

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМладешки и креативен дом
Следна објаваТренд здолништа за 2015 година
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР