Погледнете како ќе ви се одвиваат работите оваа недела според ѕвездите.

horoskop

Овен

Ова ќе биде мошне невообичаена недела за вас. По период на затвореност, слободните Овни ќе запознаат некоја интересна личност. Средбата ќе биде значајна и кога станува збор за љубовта, но и за работата. Вистински пресврт ќе настане за време на викендот.

Бик

Полека привршува период на длабока посветеност на некој проект или некое пријателство во кои сте дале сè што е во ваша моќ за да помогнете. Сега сте подготвени да ја препуштите работата на некој друг и да се посветите на самите себе. Поволен период за да поработите на вашата личност, а можно е да запознаете некој со кој ќе останете подолго време.

Близнаци

Оваа недела е одлично време да продолжите со иновативните идеи и да го примените вашето знаење во проектот кој сте го започнале претходно. Ве очекува напредок во друштвениот живот, како и запознавање нови луѓе преку кои ќе ви се отворат нови можности. Можно е пријателите да ве вклучат во планирање на некоја интересна авантура во која ќе уживате.

Рак

Овој период сте сконцентрирани на некое патување или работа во странство. Конечно ќе успеете да расчистите некои недоразбирања од порано. Ве очекува динамичен викенд, како на љубовно, така и на професионално поле. Можно е да започнете некоја соработка која ќе вроди со плод и ќе продолжи уште долго.

Лав

Се наоѓате во една фаза на премин од една во друга состојба и тоа може да предизвика да размислувате во која насока да продолжите. Ќе ги преиспитувате емотивните одлуки, како и финансиските прашања кои ви претставуваат проблем во последно време. Во љубовта ве очекуваат некои новости.

Девица

Иако ви се чини дека работите се одвиваат споро, не се откажувајте и обидувајте се одново и одново, сè додека не успеете. На крајот ќе ви се исплати целиот труд и ќе можете да уживате во успехот. Врските со другите луѓе се комплексни, но емотивно ве исполнуваат. За време на викендот подгответе се за акција.

Вага

Очекувајте некоја голема промена овој период. Ако сте во потрага по љубов, ова е времето кога целосно ќе се посветите на тоа и конечно ќе запознаете некого. Сите работи во животот ќе ги соедините во една убава хармонија, но прифатете помош и  од некој друг, не можете сè сами.

Скорпија

Период на креативно само-изразување и романтика. До крајот на неделата ќе ви се случат радикални промени во кои ќе биде вклучен некој со кој сте блиски. Поволен период да стекнете нови навики и да преминете на нови активности. Вообичаено сакате промени на секое поле и сакате вие да бидете главни во она што го правите.

Стрелец

Ве очекува напредок на многу полиња. Одлично време за учење, работа или планирање на некое патување кое ќе ви биде од корист. Ќе запознаете луѓе на кои им е важно да уживаат во животот, исто како и вам, а со нив имате и други слични гледишта на животот. Љубовен совет: почесто преземајте иницијатива.

Јарец

Одличен период дза професионални соработки со луѓе чии идеи ве инспирираат и мотивираат. На љубовен план се чини дека ѕвездите ви се и повеќе од наклонети. За оние кои сè уште се сами- никогаш не се знае каде и на кој начин ќе запознаете нова љубов.

Водолија

Продолжувате со учење нови работи и стекнување нови искуства кои ќе ви го збогатат животот. Негувајте ги пријателствата- тоа е она што ви треба овој период. Ве очекуваат динамични настани со вашите најблиски и некои среќни вести. Финансиите не би требало да се проблем оваа недела.

Риби

Многу работи ќе ви се разјаснат овој период. Ќе ви се отвори некоја можност за дополнителна заработка која ќе продолжи и во иднина. Подготвени сте целосно да се дадете себеси за остварување на некоја посакувана цел.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗа Љубовта…
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (16.02 – 21.02)
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ