Познато е дека медот има безброј придобивки за здравјето. Некои од најдобрите козметички производи во својот состав содржат мед. Позитивната работа е тоа што кај нас има голем број на производители на квалитетен мед, па скоро сите можеме да си го дозволиме да го имаме дома. Освен што го подобрува имунитетот и е одличен против настинките, медот, исто како и маслиновото масло и кафето, има широка примена во негата на лицето и телото. Еве некои од најважните придобивки од овој дар од природата.

Мед против акни и лузни

Антибактериските состојки на медот помагаат во борбата со акните. Нанесете малку мед на местата каде што имате акни и исплакнете по 10-15 минути. Истата постапка можете да ја правите и на места каде што имате лузни или пак, некоја мала рана. Со редовна употреба, лузните и флеките ќе почнат да бледееат.

Мед како регенератор за коса

Нежната текстура на медот ја прави косата мека и свиленкаста. Измешајте една лажичка мед со две лажички маслиново масло и ваквата смеса оставете ја да отстои на косата 20 минути. Потоа исплакнете.

1

Мед против брчки

Поради големиот број на антиоксиданси кои ги има во медот, во најголемиот број на рецепти за маски и пилинзи има мед. Јадете мед секој ден и одвреме-навреме правете маска за лице. Резултатите ќе ги забележите за кратко време.

Мед за убави усни

За меки и убави усни, особено во зима, измешајте една лажичка мед со една лажичка кафеав шеќер и малку сок од лимон. Масирајте ги усните 5 минути, па нанесете лабело.

2

Мед за здрави нокти

Медот ги зацврстува ноктите и ги омекнува кутикулите. Измешајте една лажичка мед и една лажичка јаболков оцет и нанесете на ноктите. Оставете да отстои 10 минути.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваMaison Margiela пролет-лето 2015
Следна објаваLadies Night за премиерата на "Педесет нијанси сиво“
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ