Не постои неопходна потреба да Ве потсетиме дека доколку сте во врска со вечен љубител на пишаниот збор, дека најдобриот подарок е, ни помалку ни повеќе, туку книга. И дека самите сте свесни дека ако таква личност Ве љуби, Вие никогаш не би можеле да умрете… метафорички и буквално! Можеби никогаш не ќе бидете во состојба да си ги одмерите силите од аспект на фонд на зборови, прочитани наслови и напишани редови; но, едно е сигурно – со нив, не постои причина да чекате романтичен датум кој во западната култура го означува Валентин, Денот на вљубените.

Со нив, секој ден е денот кога се празнува љубовта.

Секој ден е денот кога треба да ја поделите вечноста. Да споделите љубов кон книгата! Избегнувајќи ја комплицираноста на оваа идеја, само би додале дека не мора да си заљубен во личноста на која подаруваш мало парче вечност.

Доволно е да ја љубиш вечноста, штом си одлучил да ја подариш.

1 2 5

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСветол и стилски ентериер
Следна објаваОригинален редизајн на унгарски банкноти со животни
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ